„Кожувчанка“ донираше апарат за чистење на Нефролошкиот оддел при Универзитетската клиника за детски болести

Објавено на 16 октомври, 2020 во 14:05

mashina fin

16.10.2020

Дека „Кожувчанка“ ДОО  Кавадарци е една лидер фирма од општествено одговорните компании во државата, потврдува и новата донација која компанијата ја предаде во одделот за Нефрологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

„Кожувчанка„ ДОО во вредност од 218.300 денара донираше машина за дневно чистење и сушење на подна површина.

Kozufcanka fin

– Благодарност до „Кожувчанка“ за донацијата на Клиниката за Нефрологија која доаѓа во услови кога здравствениот систем се соочува со најголемата опасност во современиот свет. Дадената донација ќе помогне да се подигне нивото во заштитата од инфекции во делот каде се третираат најтешките пациенти со бубрежни заболувања” изјави директорката на Клиниката за Нефрологија, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.