Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

negotinoПоради злоупотреба на службената положба полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Неготино Ванчо Апостолов и против негови соработници. Aпостолов вели пријавата била тендиенциозна и пишувана во штабот на СДСМ.

Кривична пријава поднесе надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино против поранешниот градоначалник Ванчо Апостолов, поради кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување . Поради несовесно работење во службата кривична пријава е поднесена и против 34 годишниот Ѓ.Т од Неготино, В.В (59) и С.В (35). Кривично е пријавен и 57 годишниот Љ.Т од Скопје поради сомнение за две кривични дела, злоупотреба на службената положба и овластување  и фалсификување службена исправа.

Како што информираат од полицијата, во декемри 2015 првопријавениот, како градоначалник на Општина Неготино, во повеќе наврати, на „Уни коп градба“ ДООЕЛ Неготино, исплатил близу 3 милиони денари за изведени градежни работи на локален пат без комплетна документација за истите.   Притоа, надзорот на градежните работи бил извршен и потврден од правното лице кое немало склучено договор со Општина Неготино и не било потпишано од страна на градежен инженер.  

Исто така, во текот на 2016 првопријавениот склучил повеќе договори за цесија со повеќе правни лица, со цел отстапување на парични средства во износ од 4,5 милиони  денари на „Уни коп градба“, без комплетна документација за извршените градежни активности, односно без прилог на градежни дневници и потпис од градежен инженер. Во наведениот период, второпријавениот, како градежен инженер во Општина Неготино, и покрај тоа што бил овластен да присуствува во воведувањето на работа на надзорниот инженер за наведените градежни активност, тој не присуствувал и не ја прегледал и потпишал документацијата од наведеното правно лице за извршените градежни активности.

Трето пријавената, како управител на „Уни коп градба“ од Неготино и четврто пријавениот, како овластено лице за изведување на наведените градежните активности изготвиле лажна документација за изведените градежни активности и ја употребиле при наплата од Општина Неготино за изведени градежни активности, со што се стекнале со противправна имотна корист од 7,5 милиони .

Петто пријавениот, пак,  како надзорен инженер и сопственик во ДПИТУ „Хидро градежен инжинеринг“ ДОО Скопје, ги документирал и одобрувал наведените градежни активности на  „Уни коп градба“, и покрај тоа што во почетната фаза, наведеното правно лице немало склучено договор за вршење надзор со Општина Неготино. Со ова, пријавените овозможиле  „Уни коп градба“ oд Неготино да се стекне со противправна имотна корист од 7.506.247 денари, на штета на Буџетот на државата.

Поранешниот градоначалник во телефонски разговор ги отфрла сите наводи во пријавата и вели дека истата е тенденциозна и  била пишувана во партискиот штаб на СДСМ уште во 2018 година, а сега била само модифицирана.

„Јас нацрт верзија од оваа пријава имам добиено на 7 ноември 2018 година. По исказот што го дадов во полицијата сега пријавата е дополнета. Задоволен сум од коректноста на инспекторката и благодарен сум како го води целиот случај. Претходно по направеното вештачење од Бирото за вештачење на целокупната документација за овој предмет, Јавното обвинителство ја одби тогаш кривичната пријава“ вели Апостолов и додава дека некои од полициските службеници заборавал дека некои предмети се отфрлени од обвинителството. Тој нагласи дека станува збор за проекти од ИПАРД програмата и тогаш сите филтри биле поминати без проблем.

„На началникот на ПС Неготино сакам да му укажам дека а цесијата е регуларно средство за плаќање кога се согласни двете, односно трите страни во случајот“, додава екс градоначалникот на Неготино.

Ангел Данов

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .