Фондот за здравство ветил поголема сигурност за приватните лекари
Приватните лекари и во првите шест месеци вгодина од Фондот за здравство ќе добиваат исти исплати. Нема да вршат превентивни активности но, ќе има промена на шифрарниците и на нови цели. ФЗОМ им ветил поголема сигурност на лекарите од Приватните здравствени установи затоа што без нивна согласност во иднина ништо нема да се променува.
– Фондот прифати шест месеци да ја добиваме истата капитација, од јануари до јуни 2020 година, и во тој период да се мери кој што работи. Со новите, ќе има основни и за дејности шифрарници, ќе треба нашите софтверски куќи да комуницираат со Мој термн и да ги направат софтверските измени во програмите и ќе видиме што ќе биде по месец јуни, рече д-р Лилија Чолакова Дервишева претседател на Здружение на приватни лекари на Македонија.
Иако, пред пет дена приватните лекари се заканија дека нема да ги потпишат новите договори со Фондот, доколку не ги добијат правилниците по кои ќе бидат плаќани засега точно не се знае каков е ставот на Фондот за здравство од кого лекарите, исто така, бараат пациентите наместо со матичен лекар да имаат договори за лечење со приватните здравствени организации, администратор да примат амбулантите кои немаат медицинска сестра или бенефициран стаж за лекарот кој работи сам како и еднаков третман со лекарите од јавното здравство кога приватен лекар користи подолго боледување.
– Па тврдат дека сето тоа ќе биде изменето и ставено во правилници. Наредниот ден имаше преговори и Лекарската комора. Очекуваме да се прифатат овие барања но не можеме да кажеме ништо додека не видиме написмено во легален документ, додаде д-р Лилија Чолакова Дервишева
Годинава приватните лекари во Македонија месечно од Фондот за здравство добиваат по 55 денари од пациент. Државата реши со јануарската исплата да ја зголеми за блузу 15 отсто поточно да изнесува 63 денари од пациент./У.Ј