Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Stojanovski1 fin

Братот и сестрата, Калина и Андреј Стојановски, од пливачкиот клуб „Нептун“ од Скопје се победници во трките на 2,5км за жени и 5 км за мажи. Тие зборуваа за предизвикот и годинава да се пријават и да учествуваат на Велешкиот маратон, кој за прв пат е со меѓународен карактер.

Mazi10km fin

- Ако се тренира цела година, постојано, тогаш е убаво чувството да се добие медал. Убаво е да се биде победник. Не пливам прв туку втор пат во велешко езеро. Лани учествував во трката на 2,5 км. Сега пливав на познат терен иако пливав во трка на 5 км. Малку беше тешко ама најубаво е кога ќе се излезе од вода, рече Андреј.

Ilina finish

-Убаво е чувството бидејќи се трудиш подолго време да постигнеш резултат и постигнувањето на тој резултат ти носи радост и среќа. И тоа е убаво чувство. Минатата година беше полесна конкуренцијата. Годинава не беше така затоа што учествуваа 41 пливач. Сепак, како што рече брат ми, пливаш и размислуваш да победиш, а кога ќе излезеш од вода и ќе видиш дека си прв тогаш тоа е незаменливо чувство, рече Калина.

Ilinaposkali fin

Калина и Андреј и минатата година победија на петиот Велешки маратон, во машка и женска конкуренција на 2,5 км. Успехот го повторија и во Охрид на 500 и на 2,5 км.
Бидејќи пливањето е убав, здрав спорт ги прашавме како да се мотивираат младите луѓе да ги следат нив и успесите што ги постигнуваат во натпреварувањата и маратоните во Македонија.

IlinasoViki fin

- Младите треба да спортуваат бидејќи со спортот можат да се надминат здравствени проблеми, да се патува на натпревари во различни држави и доколку се тренира редовно поточно се вложи труд може да се постигне успех, додаде Калина.

Тие повторно ќе се натпреваруваат и вгодина на Велешки пливачки маратон. Така ветија на крајот од разговорот и побрзаа да ги однесат освоените медаљи, дипломи и парични награди кај нивните поддржувачи од семејството кое присуствуваше на Велешкиот пливачки маратон и ги бодреше додека тие пливаа./У.Ј

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново