Кардиохирургот Чадиковски е дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Објавено на 22 август, 2019 во 14:10

cadikovskidr fin

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски стана дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

– Со потпишувањето на договорот со д-р Чадиковски и благодарение на неговата експертиза, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се создадени услови за изведување на сите видови срцеви интервенции кај деца. По потпишувањето на договорот на единствениот лиценциран кардиохирург за деца во земјава, д-р Владимир Чадиковски со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ очекуваме соодветна институционална поддршка од здравствените власти, соопштија од болницата.

Владимир Чадиковски до неодамна беше дел од тимот во болницата „Жан Митрев“, и официјално вчера го потпишал договорот со приватната болницата „Систина“. Од денеска Чадиковски почнува со работа во оваа приватна болница.

Владимир Чадиковски до неодмана беше дел од тимот во клиниката „Жан Митрев“ како дел од проектот за јавно приватно партнерство во детската кардиохирургија. Претходно, дваесеттина години работеше на Универзитетската Клиника за детска хирургија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.