Пендаровски ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во Москва

Објавено на 13 ноември, 2019 во 08:35

stevopendarovsk fin

Претседателот Стево Пендаровски, на покана од рускиот претседател Владимир Путин, ќе учествува на одбележувањето на 75-годишнината од победата во Втората светска војна што ќе се одржи во Москва на 9 мај наредната година, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

– Вашиот амбасадор повеќепати ме има прашано дали навистина ќе дојдам. Еден од главните принципи на нашата држава е борбата против фашизмот. Поради тоа, секако дека ќе бидам таму – изјавил Пендаровски за време на вчерашната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Парискиот мировен форум.

Присуството на прославата во Москва веќе го потврдил и францускиот претседател Емануел Макрон, а меѓу поканетите е и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.