Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn


spasovski fin

31.03. 2020
Сите граѓани кои ќе останат без работа поради кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот, од државата ќе добиваат надомест во висина од 50 проценти од нивната месечна плата во измината година. Времетраењето на исплатата на надоместокот ќе зависи од должината на работниот стаж на работникот.

-За граѓаните кои ќе сотанат без работа поради кризата државата ќе исплаќа паричен надомест секој месец во висина од 50 отсто од месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и член 68 од овој Закон. Според овој член граѓаните кои останале без работа ќе остварат надомест преку Агенцијата за вработување согласно нивните години на работен стаж. Така за пет години работен стаж следува четири месеци надомест или за 24 години стаж 12 месеци надомест, појасни на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски, образложувајќи го вторит сет мерки за спраување со последиците од кризата.

Тој најави и дека надомест од седум илјади денари по домаќинство ќе има за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформалната економија.

– За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија, обезбедуваме брз влез во системот на социјална заштита за април и мај. Тие просечно ќе добиваат по седум илјади денари по домаќинство. Проценетиот опфат на преземените мерки изнесува околу 30 илјади нови домаќинства од неформалната економија и 30 илјади постоечки корисници, рече премиерот.

Во сетот мерки што ги донела владата е и мерката за одложување закуп за корисници на социјални станови .

– Се одложува плаќањето закупнина за сите корисници, а исто така ќе се одложи и плаќањето и за закуп за граѓаните, додека за фирмите ќе се донесе посебна одлука во однос на плаќањето на кириите на закуп кај сите закуподавачи, појасни премиерот Спасовски.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново