Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

MNRRusija fin

01.04.2020

Курсот на НАТО кон проширување единствено создава нови линии на поделби во момент кога на светот му треба обединување во борбата против коронавирусот, се вели во соопштение на руското Министерство за надворешни работи, по повод членството на Северна Македонија во Алијансата.

Според Министерството, присоединувањето на Скопје кон Алијансата „не носи никаква дополнителна вредност ниту за регионалната, ниту за европската безбедност“.

– Ваков чекор нема да придонесе за обединувањето на напорите за борба против заедничките закани и предизвици, вклучително и борбата против коронавирусот. Ќе создаде само нови линии на поделба, се наведува во соопштението на руското МНР.

Како што наведува Министерството, „обидите да се даде попмезност и важност на тој настан се покажале безуспешни, поради влошената ситуација со Ковид-19“. – Во услови на вонредна состојба во земјата, лидерите на Северна Македонија сепак не ја испуштија можноста да укажат на историскиот карактер на членството во НАТО, што ја гарантира безбедноста и стабилноста на Скопје, се истакнува во соопштението, што го пренесува ТАСС.

– Очекуваме Скопје да го потврди, во согласност со утврдената процедура, преземањето на обврските на Северноатлантската алијанса врз основа на потпишаните документи со Русија и конкретно Основачкиот акт од 1997 година и Римската декларација од 2002 година, се додава во соопштението на руското МНР.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново