Се очекува по 21 јануари, работното време на угостителите да биде до 23 часот
Објавено на 18 јануари, 2021 во 12:09
18.01.2021
Од 21 јануари најверојатно ќе има продолжување на работното време за угостителите и по 21 часот, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Бектеши истакна дека не се работи за нови протоколи, а до кога ќе биде продолжено работното време ќе зависи од Комисијата за заразни болести.
– Имајќи ја предвид ситуацијата, мислам дека ќе биде до 23 часот, рече Бектеши.
#УгостителскиОбјекти #РаботноВремеДо23 #МинистерЗаЕкономија #КомисијаЗаЗаразниБолести