Девојка се разбуди по 72 часа клиничка смрт

Објавено на 11 јануари, 2019 во 09:21

klinickasmrt fin

Девојка од источно-кинеската провинција Фуџијан се опорави по 72-часовна клиничка смрт, откако на 1 јануари била итно примена в болница поради забрзано чукање на срцето.

По згрижувањето, нејзиното срце прекинало да работи, а таа ја загубила свеста. Лекарите утврдиле миокардитис – воспаление на срцевиот мускул, па веднаш била приклучена на апарати.

Тие ѝ го спасиле животот, но срцето повторно почнало да пумпа крв дури следното утро, а во наредните 72 часа ѝ се вратила и свеста.

– Откако ги отвори очите, ја прашав дали е среќна и дали може да ме фати за рака. Кога таа го направи тоа, сфатив дека таа се врати во живот, раскажува д-р Занг Минвеј од болницата при Универзитетот на Сјамен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.