Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn


moknafotografija fin

 

2.02 2020
Пишува Жаклина Цветковска

Рецензираме текст со наслов „Моќна фотографија на даскалите Христијан Мицкоски и Гоце Делчев “. Oбјавената фотографија на лидерот на опозицијата, веднаш до споменикот на Гоце Делчев e направена за време на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

Повод за овој текст е како што е наведено „моќната фотографија“, која упатува на историското значење на Делчев, но во истиот контекст е ставен и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и неговата порака од митингот дека за Делчев и другите историски личности од Илинденското востание нема преговарање, зашто тие се Македонија.

Во било која конотација, макар и од партиски митинг или да се работи за партиско соопштение, несоодветно е историско изедначување на партиски лидери и историски личности, особено не со историска фигура каква што е револуционерниот деец Гоце Делчев.

Со направеното вредносно изедначување и двајцата се именуваат со даскали, асоцирајќи на учителската професија на Делчев и универзитетскиот професор Мицкоски.

Во овој случај , различен временски и историски контекст и различна историска улога на значајни личности се употребени за „возвишување“ на партиски лидер во изборна кампања. Се користи и моментот на неусогласените ставови помеѓу Македонија и Бугарија за конфликтот околу националноста на Делчев за да се промовира став на политичка партија околу ова прашање.

И тоа не е спорно во изборна кампања на политика партија, која ги пренесува своите ставови и програмски определби и секако ги користи најсилните аргументи за добивање на поддршка кај гласачкото тело. Спорно е асоцијативното историско изедначување.

Најблаго речено неумесноста се „чита“ и од поместените биографии на Делчев и Мицкоски во написот, повторно асоцирајќи на иста историска вредност.
Фотографијата, колку и да е професионално или уметнички добро направена и моќна, што не е предмет на оценка или дискусија, во овој случај недвојбено е употребена за да се привлече гласачкото тело.

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.



 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново