Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

koronavirustoplina fin

7.04.2020

Топлите денови пристигнуваат, а температурата, како што е најавата, ќе надмине 20 степени целзиусови. Убавото време исто така ќе ни овозможи да се стекнеме со нови сознанија за коронавирусот, за тоа како реагира на пристигнувањето на пролетта.

Епидемијата на грип обично почнува да опаѓа кон крајот на зимата. Поради тоа е многу легитимно прашањето: Дали и како ќе влијаат сончевите зраци на ширењето на коронавирусот.

Студиите на други видови на коронавирус, од кои некои предизвикуваат вообичаена прелада, навистина укажуваат на нивното сезонско однесување, со достигнување на врвот за време на зимата и исчезнување за време на пролетта.

Истовремено, само мал број на коронавируси може да се пренесат во текот на летото.

Една британска студија на научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон, го анализирала коронавирусите HCoV-NL63, HCoV-OC43 и HCoV-229E. Утврдено е дека степенот на инфекцијата на тие видови на коронавирус е највисок во февруари, додека летниот степен на инфекција е многу мал.
И други студии исто така го покажале се сезонското однесување на коронавирусот во умерени климатски услови.

Првиот човек на студијата, Роб Алдриџ, сепак повикува на внимателност.

„Навистина би можеле да искусиме помало ниво на зараза на коронавирусот за време на летото, но може да се врати повторно овој пат ако сè уште има голем дел од популацијата што е ранлива “, истакнува Алдриџ.

Според него, фактот дека станува збор за нов вирус значи дека сè уште не го знаеме неговото точно сезонско однесување и дали ќе се покаже како што е и кај другите видови коронавируси, со оглед на сегашната голема подложност на населението.

 

 

SEMM baner MK

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново