Во секој од нас се крие љубомора. Откријте како хороскопските знаци се однесуваат кога се љубоморни…

Овенот е роден за полицаец или пожарникар, Стрелецот за спорт или за работа со животни, додека Рибите се предодредени за работа поврзана со уметност, а Јарцот за банкар или администратор.

Еве што треба да јадеме според знакот, за да бидеме здрави.

Движењето на планетите одредува една релативно мирна недела во однос на љубовта. Нема да недостасуваат несогласувања, но тие ќе се надминaт. Што ве очекува според зодијачкиот знак? Видете во љубовниот хороскоп.

Секој човек има тајни желби кои сака да му се остварат. А еве кои се тие тајни желби на луѓето врз основа на нивниот хороскопски знак.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново