Маж од Горно Врановци физички нападнал полициски службеник
Објавено на 3 ноември, 2023 во 10:33
Четириесет и три годишниот С.Ј од село Горно Врановци, општина Чашка, вчера во 15:00 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес.
Како што информираат од СВР Велес, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. За настанот бил известен јавен обвинител а мажот бил приведен во полициска станива.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк