Затворен за сообраќај локалниот пат до Блаце, ќе се користи привремен пат пред граничниот премин
Од денеска ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат до селото Блаце пред граничниот премин. Пристапот до Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин за што е поставена сообраќајна сигнализација.
Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека се воведува режим на сообраќај на овој патен правец поради градежни работи на автопатот А4, делница ГП „Блаце“ – Скопје (клучка „Стенковец“) подделница 1.
Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на два километри пред граничниот премин, сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Од АМСМ соопштуваат и дека на патот село Извор – село Иванчишта сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Дума.мк