ЦУК: 1.769 повици на 112 во последното деноноќие, се уште има пожари на отворено и внимавајте на стари гранати заостанати од минатите војни
Центарот за управување со кризи, информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.769 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 38,10 %, а 61,90 % биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 49,79 %, кон Итната медицинска помош 43,57 %, а кон пожарникарите 4,56 % од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Инаку, 1.100 повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,07% со другите 57,30% што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи. Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје во период од 17:25 до 18:20 часот, со два пожарникара и едно ПП возила гаснеле запалена ниска вегетација кај с. Кондово (Општина Сарај) Имале и две помали интервенции, како и пожарникарите од ТППЕ Кичево во изминатото деноноќие. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово во период од 17:45 до 18:05 часот со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација покрај автопатот од Куманово во правец на бензинската пумпа на Макпетрол кон с. Романовце, додаваат од ЦУК.
Артилериска граната, калибар 75 mm, од Првата Светска Војна, НУС – неексплодирано експлозивно средство, била лоцирана во атарот на село Добромири и тим од ДЗС – Битола, вчера, во 12.40 часот безбедно ја отстранил, известува Регионалниот ЦУК Битола.
-Во овој период се пронајдени такви неексплодирани експлозивни средства во повеќе случаи. Затоа се препорачува внимателно и при зимските прошетки, а и при градежни работи, на пример, копање темели и слично во реон на Македонскиот фронт, што е именуван и како Солунски – генерално во појасна линија на Битолско и Дојранско до јужната државна граница. Ако се пронајде неексплодирано експлозивно средство од минатите војни, не треба се помрднува од местото на наоѓање, се оддалечува од него на безбедно место и треба веднаш да се пријави на 112 во ЦУК за неговата локација, по што координирано со надлежните институции од Системот за управување со кризи безбедно ќе се отстрани или уништи, додаваат од ЦУК.
Дума.мк