Велешанец фрлал дрвени предмети кон сопругата, друг нападнал полицаец
Педесет годишниот Р.А од Велес, вчера, во 17:00 часот, на улица „Хаџи Косте“ бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес постапувајќи по претходна пријава од неговата шест години повозрасна сопруга со која неколку години не живееле заедно. Според пријавеното во дворот од нејзиниот дом, велешанецот агресивно се однесувал и фрлал дрвени предмети кон неа. Од СВР Велес додаваат дека Р.А бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, на улица „Браќа Миладинови“ во 22:30 часот полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, го лишеле од слобода четириесет и седум годишниот Р.Ш кој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи.
Р.Ш. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева