Во Велес лишен од слобода криумчар на мигранти
Триесет и четири годишниот А.Е од Скопје, вчера, во 21:15 часот на улица „Димко Најдов“ во Велес, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
– Околу 21.10 часот на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање на возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој продолжил со движење и откако се исклучил на регионалниот пат застанал во близина на клучка Караслари и од возилото излегле неколку лица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, по што било пронајден возачот и возилото, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против А.Е. ќе биде поднесена
соодветна пријава.
Стефани Манева