СВР Велес спроведе превентивни активности за „Лето без пожари“ на Езеро Младост, Бабуна и во Отовица
Граѓаните кои уживаа на езеро Младост, Бабуна како и во населба Отовица, вчера, беа посетени од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес кои спроведуваа превентивно едукативни активности во рамки на кањата под мотото „Лето без пожари“.
-Основна цел на кампањата е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, но и укажување за потребата од навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, со цел навремена и брза реакција на сите институции, велат од Министерство за внатрешни работи.
За време на активностите биле посочени и ризикот од зачестено палење на шумите при правење на скара, фрлање отпушоци. Бил упатен и апел за посебно внимание при престој на отворено за да се избегне опасноста од предизвикување на пожари од невнимание.
Притоа, на жителите и посетителите на ова подрачје им бил поделен и едукативен материјал со едукативни препораки со цел подигање на безбедносната свест.
Стефани Манева