Пожарот во атар на село Отиштино зафатил пчелни семејства и насадено земјоделско обработливо земјиште
Објавено на 12 јули, 2024 во 12:01
Пожарот во атар на село Отиштино, во Општина Чашка, зафатил и насадено земјоделско обработливо земјиште во местото викано „Кај тополите“ во сопственост на Н.Н од Чашка како и пчелни семејства кои биле во сопственост на неговата дваесет и девет годишна ќерка А.Н.А. Во дневниот билтен на СВР Велес пишува дека повредени лица нема а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.
Случајот во СВР Велес бил пријавен на 9 јули, околу 16:30 часот во Полициско одделение Чашка а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Дума.мк