Велешките пожарникари гаснеле запалена клима
Објавено: 23 јули, 2024, во 15:52 часот
Територијалната против пожарна единица Велес, вчера, во 22:25 часот добиле повик за запалена клима на улица Орце Мартинов.
На лице место излегле двајца пожарникари со едно противпожарно возило по што го изгаснале пожарот.
Од ТППЕ Велес апелираат доколку забележите пожар да го пријавите на бесплатните броеви 193 и 112.
Дума.мк


