Градоначалникот Јанчев: Почна да се гради скијачки центар во Михајлово, кавадарчани зимава ќе скијаат
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави на личниот профил на Фејсбук дека претстојната зимска сезона неговите сограѓани ќе уживаат во зимските спортови.
„Стартуваат подготовките за скијачкиот центар во Михајлово. Oд денеска почнаа подготвителните теренски работи за изградба на скијачкиот центар во Михајлово со ски стаза, ски лифт и пропратни елементи за сите возрасти,“ напиша и објави градоначалникот Јанчев на во пост на Фејзбук.
Ски-центарот се наоѓа на планината Кожув, на околу 40 километри од Кавадарци.
„Целосната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, која се очекува доколку дозволат временските услови да се монтира на крајот на ноември. Ова значи дека љубителите на зимскиот спорт од сите генерации ќе можат да уживаат уште од оваа зимска сезона. Уште еден голем проект и инвестиција која го продолжува и така брзиот развој на нашата општина“, дообјаснува во постот градоначалникот Јанчев. Тој во исто време потсетува дека и овој проект бил дел од неговата предизборната програма.
Теренските работи се донација на фирмата „ЈА МИ“ од Кавадарци. Инвестицијата е донација од 231.660 евра од кои 115.000,00 евра се средства од Комерцијална банка и 115.000 евра се средства донација од Кожувчанка ДОО.
Убавка Јаневска