Две семејни насилства врз жени во еден ден, по едно во Велес и во Градско
Двете жени вчера биле физички нападнати од брачните другари.
Првата, А.М, на 27 годишна возраст, која побарала помош од полициски службеници на Одделението за внатрешни работи во Кавадарци, поточно од полицајците кои биле на должност во Градско затоа што насилството се случило во домот на нејзината мајка. Една година постариот насилник А.М од кавадаречко село бил лишен од слобода во 16:30 часот и задржан во полициска станица во Велес. Потоа бил известен Јавен обвинител и Центар за социјална работи во Велес и во Кавадарци.
Втората жртва е исто така жена, на 40 годишна возраст, која три часа подоцна била физички нападната од шест години постариот сопруг О.М од Велес којшто додека ја тепал и упатил и закани по нејзиниот живот. О.М. бил приведен во Полициска станица Велес и известен бил Јавен обвинител.
– По документирање на двата настани ќе биде поднесен соодветен поднесок против пријавените, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк