Зимска идила во двор на Специјална болница „Јасеново“ ( фото)
Објавено на 16 јануари, 2025 во 13:39
Ако деновиве патот ве води кон Специјална болница за белодробни лекувања „Јасеново“ или кон соседните села Извор, Владиловци и Смиловци тогаш ќе имате можност да уживате во зимските панорами на овој дел на Општина Чашка. Покрај исчистените патишта ќе ве пречекаат извонредно убавите крошни на дрвја со снег како и панорамите на полјаните или ридовите со снежна покривка.
Вистинска зимска идила има и дворот на Специјална болница „Јасеново“ каде сограѓанка ги направила овие фотографии којшто ни ги испрати.
Дума.мк