Велев: „CGM systems“ – сензори за секое лице со дијабетес Тип 1, не смееме повеќе да одлагаме! (видео)
Сојузот на дијабетичари на Македонија бара веќе да не се одлага примената на сензори од видот „CGM systems“ за лицата со дијабетес од страна на Министерството за здравство. Барањето е оправдано затоа што се заснова на добри практики насекаде во светот освен во Македонија и во Косово, вели во разговорот претседателот на Сојузот, Димче Велев.
Според Сојузот, набавката на овој вид на софистицирани сензори за 4000 лица со дијабет во Македонија, државата ќе ја чинат 3.360.000 евра или шест пати помалку пари од вкупно 20 милиони и 160 илјади евра неповратни пари од здравствениот буџет. Со 16 милиони и 800 илјади еврa ќе можат да се наменат за решавање на компликации од дијабетес, за нефролошки, ретинопатски или кардиолошки третмани, како и за помагала на овие лица.
Велев го повтори апелот до граѓаните за поддршка во подигање на свеста, ширење на знаење и создавање трајни промени за сите погодени од дијабетес, без разлика дали имаат 1 или тип 2 дијабетес, гестациски или друг вид на оваа здравствена состојба.
Според Светска здравствена организација целите кои Македонија треба да ги исполни до 2030 година се однесуваат на 80 % од луѓето со диабет, да бидат диагностицирани,односно да им биде утврден статусот дека се заболени од диабет, 80 % од луѓето со диабет да имаат редовна контрола на глихемија и 60 % од луѓето со диабет, преку 40 годишна возраст да имаат можност за редовна примена на статини.
Доколку ова не се исполни Сојуз на здруженија на лица со дијабетес Македионија ќе почне да одговара на актуелната состојба со директна акција поточно обезбедување преку донации за лицата со дијабетес Тип 1.
Убавка Јаневска