Слободанка Чичевска: Ако барем малку од некоја улога што сум ја одиграла ви остане во срцето и главата, наградата „Петре Прличко“ добива вистинско значење

Актерката Слободанка Чичевска која годинава е добитничка на наградата за животно дело „Петре Прличко“ на фестивалот за комедија „5РЕ“, на публиката и се обрати со зборовите: „Сум играла со чичко Петре на сцената. И Петре Прличко имаше трема кога ја добиваше наградата за животно дело на „Војдан Чернодрински“. Драга публико, секогаш ми бевте ветер во грбот и се надевам дека ако барем малку од некоја улога што сум ја одиграла ви остане во срцето и главата, оваа награда добива вистинско значење. Ви благодарам на сите и длабоко ви се поклонувам“.
Во својот говор пред велешката публика на големата сцена во театарот Чичевска објасни дека наградата ја посветува пред се на нејзините деца, за сите важни моменти во животот кадешто била отсутна и била на сцената, споделувајќи го сонот со колегите, нејзините театарски деца, на кои понекогаш биле и љубоморни.
– Еден постар колега ми рече еднаш дека наградите не се важни, туку важно е да направиш улога и да знаеш дека таа вреди и дека публиката одлично ја примила. Но, наградите значат. Еден мој помлад колега, пак, после прекрасна претстава што ја игравме заедно на Стоби, ми рече многу е важно да се блесне на сцената, но уште поважни е кога ќе блеснеш, да отстоиш и да блескаш и понатаму. На сите мои млади колеги, бескрајно талентирани, им посакувам да блескаат на оваа сцена. Нивниот труд да не биде награден само со огромен аплауз, туку да добие и валидна награда, како што заслужуваат. Наградата му ја посветувам и на мојот внук со кого ќе надевам дека ќе ја направиме претставата според приказната именувана со наслов „Драган и другарите“ – додаде Чичевска.
Театарскиот фестивал „5РЕ“ беше отворен со премиерата на претставата „Госпоѓа министерка“ со која се одбележаа уште два значајни јубилеи, потолно 30 години дејност на режисерот Синиша Евтимов и на актерката Зорица Панчиќ.
Следна претстава на фестивалот е музичката престава за деца „Капетанот Џон Пиплфокс“ во режија на Горан Илиќ одиграна од Мак Данс Студи која ќе се одигра на 10 април, четврток со почеток во 18:00 часот. Потоа следуваат уште неколку претстави, а фестивалот свечено ќе биде затворен на 16 април, годинава со станд ап „Широк дијафазон“ со Сашко Коцев.
Стефани Манева
