Со 2,41 промили алкохол во крвта, маж бил агресивен кон пациенти и медицински работници
Објавено: 14 јануари, 2026, во 13:10 часот
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи вчра попладне, во 16:00 часот го привеле во полициска станица Г.М.(41) од село Ваташа, кавадаречко.
-Постапувајќи по претходна пријава Г.М во здравствена установа во Кавадарци агресивно се однесувал кон вработените и пациентите. При преземање мерки, кај него се измерени 2,41 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролката Ана Милевска Георгиева на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


