Четврток со краткотрајна промена на времето

Објавено: 4 март, 2026, во 09:10 часот

„Под влијание на помал влажен бран во склоп со малку поладен воздух од север и од североисток, четврток, 5-ти март,во Македонија ќе имаме краткотрајна помала промена на времето. Ќе имаме повеќе облачност  и локални врнежи од дожд со слаб до умерен и со умерен интензитет проследени со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието како и во источните предели од Македонија.

На планинските места со надморска висина од и над 1500/1600 метри, ќе има повремени слаби врнежи од снег.

Во Скопје и околината исто така ќе има повремен локален дожд проследен со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Сепак како што веќе претходно кажав  и најавив целата оваа промена кратко ќе трае па во деновите потоа ќе имаме повторно стабилно и релативно топло време со и надпросечни температури како и со многу повеќе сонце,“соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.