Марш „Посилни од тишината, посветли од силуетата!“ во Велес
Објавено: 5 март, 2026, во 09:59 часот
Под ова мото во градот утре ќе се одржи марш којшто го организира Општина Велес и на кој заедно со средношколците од четирите средни училишта ќе биде поттик за секој поединец да ја продолжи борбата за еманципација на жената.
Маршот ќе започне во 11 часот од кружен тек кај Авона и учесниците ќе маршираат до зграда на Театар „Џинот“. Потоа организираните активности ќе продолжат да се реализираат во Младински парк.
Организаторот ги поканува граѓаните да се приклучат за да се упати заедничка и силна порака за единство, поддршка и поттик за градење на рамноправно општество.
„8 Март е потсетник како жените го променија светот!,“ порачаа организаторите од Општина Велес.

Убавка Јаневска



