Проект „Чиста Чашка“ општината набави нови 39 контејнери

Објавено: 26 август, 2026, во 12:09 часот

Пластичните контејнери се со зафатнина од еден кубен метар. Нив ќе ги постави ЈКП „Тополка“ на територијата на Општина Чашка. Средствата во висина од 414.000 денари за набавката на контејнерите се обезбедени од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

„Со поставувањето на 39 контејнери ќе се подобри начинот на собирање на комуналниот отпад,  и јавната хигиена на територијата на општината,“ соопштија од единицата за локална самоуправа на Чашка.

Дијана Иванова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.