Почина пациентка од ковид-19 во Општа болница Велес
Објавено на 5 април, 2021 во 14:30
05.04.2021
Жената имаше 79 години и беше од село Мустафино. Таа беше позитивна на корона вирус и лекувана три дена во Модуларната болница.
Денеска во велешка болница се хоспитализирани 99 пациенти, од кои 90 се потврдено позитивни, шест се сомнителни и тројца пациенти се со негативен брис но, задржани на болничко лекување.
На Инфективно одделение болнички се лекуваат 54 пациенти, во Модуларна болница 40 и на Интерно одделение 5 пациенти.
На кислородна поддршка се 49 пациенти.
Од болницата испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест, соопшти д-р Елеонора Јованова портпаролка на Општа болница Велес.
Убавка Јаневска