Се намалуваат ковид пациентите во велешка болница
Објавено на 2 мај, 2021 во 18:43
Вo Општа болница Велес, денеска, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. Од нив 57 се потврдено позитивни, три сомнителни и 13 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Најголем број болнчки ковид пациенти се лекуваат на Инфективно одделение 37, во Модуларна болница 25, на Интерно шест на Физикална пет.
На кислородна поддршка се 20 пациенти.
Денеска од болница испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Убавка Јаневска