Работничките права клучни за медиумските слободи и новинарскиот интегритет
Сите се гласни и насочени кон слободни медиуми но многу малку се потенцира и се зборува за слободата на интегритетот на новинарите, од друга страна суштината е дека нема слободи кога имате економски зависни , егзистенцијално загрозени новинари, е посочено на денешната работилница на Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ)во Охрид,jaви Локално.
Новинарскиот синдикат лидерски ги движи работите но неопходна е вклученост на сите новинари и медиумски работници обученост на синдиланите фронтмени за добивање на битката за работничките права. Откази , ниски плати, неисплата на прекувремно, празнично работење , немање слободни денови, тоа е нешто што ги засега сите и оние кои се во провладини или пропоизициски медиуми, се согласија сите и затоа синдикатите мора да се препознаваат како своја инстиуција, а не нечии или организации на едните или другите.
Нема ѕвезди, или заштитени ѕверки, или „ мене сега не ме засега, ок ми е платата“ , порано или подоцна сите доаѓаат пред отказ или пред притисоците , во зависнотод кршливоста или од тоа колку им трае „употребната вредност“, во функција на политиките на газдите на медиумите посочи, потпретседателот на на ССНМ Драган Антоновски.
Јасмина Поповиќ потпретеседател на Европското здружение на новинарите и синдикален лидер на новинарите на Хрватска, и новинар пред се, пренесе дел од искуствата на медиумите во Хрватаска, и потсети дека е неопходно во сите тие релации на медиуми и газди дека е неопходно правна обученост, на новинарите и да се биде дел од институцијата Синдикат , за да се присилат работодавачите да не ги газат работничките права. Колективните договори се нужност за синдикалната опстојба кои мора да се прошират да важат и за новинарите кои се вон редакциите и медиумите, т.н фриленсери, посочи Поповиќ.
Арне Конинг од шведскиот синдикат и поранешен претседател на Европската федерација на новинарите нагласи дека мора да се шират подрачјата на дејствување и збивање на редовите на синдикалната борба. На европските синдикалци им е веројатно, полесно поради традициите(1901) во функционалноста на синдикатите, но таа инстутиција е клучна за оддржување на освојување на работничките права . Во скадинавските земји членарината е по 40 евра месечно, во некои европски држави и 100 евра месечно, но со тоа се оддржува вистинската независност на синдикатот., и само така со тоа се обезбедува професионалност во функационалноста на синдикатот и обезбедува голема заштита на своите членови.
Во рамките на важноста на општиот контекст на правниот аспект на работничките права Драган Секуловски даде осврт на националната рамка за вработување на новинарите и медиумските работници, посочувајќи дека Законот за работни односи во последните 10 години бил изменет петнаесет пати од кои само во 2015 година четири пати и тоа без видлива дебата или вклученост на засегнатите страни. Ова го прави Законот за работни односи тежок за разбирање од страна на новинарите а со тоа и на јавноста.
Овие работилници се во ракмите на 5 дневната обука на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници „Лобисти во медиумската индустрија“ , во рамките на проектот „Работнички права на медиумските работници“, поддржан од Британската амбасада во Скопје, На обуката учествуваат 15 новинари и медиумски работници кои ги споделуваат личните искуствата и согледувања за актуелните медиумски економски состојби компарирани од локални и меѓународни експерти.
Извор: Локално.мк