Издумани Крлевизми: „Афоризам? Пет збора – рој мисли!“
Објавено на 17 мај, 2024 во 10:44
Велешанецот Атанас Крлевски со нови 15 издумани Крлевизми за Ви порачува: „Читајте Издумани Крлевизми за животот да ви биде поубав!“
- Афоризам? Пет збора – рој мисли!
- Ако ви дале одврзани раце, треба да имате полни раце работа.
- Ако во мојот двор заигра мечката, ќе го користам како летна сцена.
- Ако ѓаволот ја однел шегата, не барајте ја во рајот!
- Ако не се цврсти и зборовите подлежат на девалвација.
- Ако немаш грб ќе те товараат. Ако имаш образ, нема да те товараат!
- Ако поетите станат политичари, ќе се случи огромна промена – ветувања во стихови.
- Играњето по такт е опасно… освен во музиката.
- Ако политиката е фудбалска игра, фудбалската топка не мора да е народот.
- Ако сам си го бараш, брзо ќе те најдат.
- Ако сатирата би била спорт, би била екстремен спорт.
- Ако секој би бил каде што му е местото, многумина ќе останат за никаде!
- Ама каква мала плата!? Сизиф работел џабе.
- Аутсајдерите се уништувачи на забави – низ солзи, рече фаворитот.
- Годо, доаѓа ли со тебе нашето подобро утре?
Афористичар
Атанас Крлевски
Дума.мк