Малолетник нападнат од група малолетници во двор на средно училиште во Велес
Објавено на 17 мај, 2024 во 10:56
Триесет и осум годишниот Р.Р од село Сливник, вчера, во 15:15 часот во Полициска станица Велес пријавил дека во кругот на средно училиште во градот неговиот малолетен син бил физички нападнат од други тројца малолетници коишто ги познавал.
Од Сектор за внатрешни работи Велес велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Дума.мк