Бејли: Демократијата клучна за напредокот на Македонија
Развој на демократијата е од клучно значење за напредокот на државата, изјави синоќа американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли.
На свеченоста што американската амбасадаво Македонија ја организира по повод 4 Јули, Денот на независноста на САД, Бејли порача дека потребно е секојдневно посветување на вредностите на демократијата, со цел надминување на предизвиците кои допрва престојат.
„Американците се горди што се пријатели и партнери на народот на Македонија додека тие се стремат да создадат просперитетна, динамична и мултиетничка демократија“, рече Бејли.
Меѓудругото, тој ја потенцира соработката и поддршката која САД ја дава кон Македонија и македонскиот народ.
Инаку, пред точно 239 години е потпишана Декларацијата со која беше прогласена независност на САД и беа прогласени принципите кои ја чинат суштината на американската демократија.