Лидерската четворка повторно на преговарачка маса
Објавено на 3 јули, 2015 во 08:35
Нов обид на лидерската четворка денеска во Клубот на партениците да се најде излез од политичката криза. Преговарачките тимови на партиите во текот на денот ќе одржат поединечни средби со меѓународни претставници, јави Телма.
Неизвесно е дали ќе има доближување на ставовите и отстапки од првичните позиции за содржината и времетраењето на привремената влада како и реорганизацијата на институциите кои се во надлежност на извршната власт.
Најавите се дека партиите се сè уште далеку од договор но министерот Попоски изрази оптимизам. Во спротивно може да ја изгубиме препораката за отпочнување преговори.