Од денеска мораториум за владини реклами во медиумите
На дебатата на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски соопшти дека Владата на Република Македонија, како гест на добра волја, донела одлука времено да се воспостави мораториум на сите комерцијални промоции.
На расправата за владиното рекламирање организирана од ЗНМ беа присутни и директорите на трите провладини телевизии Сител, Канал 5 како и ТВ Телма. Откако не им беше дозволено тие први пред вовед од организаторот да објаснеле што мислат за рекламирањето од владата од која инкасираат милионски суми евра, пари од граѓаните, за ширење владина пропаганда, тројцата директори на овие телевизии демонстративно уште на почетокот ја напуштија дебатата., и покрај укажувањето на организаторот дека ќе добијат збор првин да се отвори и почне настанот.Очигледно е дека идејата беше да го минираат настанот, знаејќи дека ќе има мораториум за државните реклами.
Во текот на дебатата имало и жестока полемика на министерот Ивановски со новинарот Саше Политико.
Извор:Фактор