Сокови од зеленчук
За разлика од овошните сокови кои содржат шеќер, соковите од зеленчук се полни со биоактивни супстанци со помош на кои можи да се слабее.
Сок од зелка –благотворен во лекувањето на чирот на дванаестопалечно црево, а добар е во намалувањето на килограмите, како и кај затворот. Одличен е за подобро варење и за тенот. Со додавањето на сол во сокот се губат лековитите својства.
Сок од компир – свежиот компир содржи лесно усвоив шеќер кој се при варењето претвораат во скроб. Свежиот сок од компир е одлично средство за прочистување. Против пореметување во варењето и нервните заболувања се користи сок од компир, морков и целер. Кај ишијасот се препорачува секојдневно консумирање пола литра сок од морков, цвекло и краставица со потполно исклучување на месо во исхраната.
Сок од кромид – овој сок овозможува брзо прочистување на организмот и благотворно влијае на општата состојба на организмот. Одлично го стимулира апетитот и лачењето на желудочниот сок. Ефикасен е лек во борба против настинка, како и за прочистување на дробовите и бронхиите од насобраната слуз.
Сок од краставица –Овој сок е и најдобро средство за исфрлување на вода од организмот. Подобрува растење на косата, ги зацврстува ноктите, тонизира и подмладува кожата. Сок од краставица го нормализира крвниот притисок, па се затоа препорачува како кај хипертензија, така и кај хипотензија.
Сок од магдонос – се препорачува да се пие од 30 до 60 грама. Редовното пиење свеж сок од магдонос обезбедува нормално разменување на кислород, и подржува надбубрежна и штитната жлезда. Освен тоа, во сокот има елементи кои ги зајакнуваат ѕидовите на крвните садови, капилари и артерии. Сок од листот од магдонос често се користи како лек против болести на мочните патишта и исфрлување камен од бубрегот и песок од бешиката.