Тинитус – зуење во ушите – како се лечи?
Тинитус зуење во ушите, иритирање, непријатен и константен звук во главата може да биде симптом на разни заболувања како што се: Проблеми со половината, хипертензија но и заболување на ушите.
Најчесто се јавува во вид на шуштење, ѕвонење или пискави звуци.
– пченични трици лек за тинитус
3 лажици пченични трици
1 лажица суви/свежи црвени ружи
Се заедно ставете во 3дл црвено вино,ставете ги на оган и оставете да зоврие, а потоа исцедете го. Добиениот талог замотајте го во газа или чиста крпа и така држете го на уво.
– бадемово масло за зуење на ушите
натопете некоја помала крпа во бадемово масло и ставете ја на увото. Повторувајте ја постапката повеќе пати -додека оздрави а бадемовото масло може да се комбинира и со камилица
– народен лек за зуење во ушите
1 лажица пченкарно брашно ставете го во 2 дл вода,измешајте и оставете така да отстои една ноќ,наутро добро промешајте и испијте го на гладно, постапката се повторува 3 недели, за време на терапијата не пијте алкохол и не јадете свинско месо.
Нашите предци како лек за зуење во уши применувале и одење со боси нозе по росна детелина.