Стопете ги маснотиите од стомакот!
Од критичните делови на телото:бедрата,стомакот,половината,и покрај целиот труд,диети и вежби вишокот најтешко се симнува.Ако не сте задоволни со дебелината на вашите бедра,обемот на половината или колковите обидете се со оваа диета,но не заборавајте и да вежбате.
Авторката на оваа диета,Ен Луиз Џитлмен,акцентот го става на чистење на црниот дроб.Бидејќи мнгоу штетни материи се таложат на овој орган тоа ја намалува неговата способност за разградување на маснотиите што му е всушност и една од основните функции.Постојат многу причини зошто црниот дроб не работи како што треба а најчести се:внесување на храна богата со „лоши“ маснотии,алергија,претерано лачење на инсулин,злоупотреба на алкохолот и лекови како и често изложување на стрес.Сево ова има за последици за таложење на масни наслаги и зголемување на телесната тежина.Она што е добро кај диеталниот план на др.Џитлмен е тоа што истовремено го забрзува слабеењето и успешно го контролира лачењето на хормоните.Диетата има две фази,првата трае две недели и за тоа време се гледаат најдобри ефекти.После тоа диетата не се прекинува туку се продолжува со посебен режим за чие време килограмите се симнуваат побавно се додека не се постигне посакуваната тежина.Истражувањата покажале дека оваа диета го забрзува метаболизмот,го подига нивото на енергија,ги регулира промените во расположението и го решава проблемот со несоницата.
Прва фаза-брзо топење на маснотиите
Најдобар начин да постигнете детоксикација на црниот дроб е да од исхраната ги исфрлите продуктите кои штетно делуваат на него:млечни производи,житарки,леб,овесни снегулки,мрсна храна,кофеин,газирани пијалаци,алкохол,вештачки засладувачи,шеќер,оцет и сите преливи за јадење.Дозволено ви е да јадете јајца,посно месо(јунешко,пилешко и мисиркино),риба,брокула,кељ,сок од брусница а за подготовка за јадење користете исклучиво ленено масло. Звучи ригорозно,но ефектот е неверојатен.За само две ендели овој ниско калоричен мени ќе ви помогне брзо да се ослободите од вишокот на килограми.Истражувањата покажале дека лицата кои се придржувале на оваа диета успеале да се ослободат од целулитот и да го намалат обемот на половината за дури 20 сантиметри.
Втора фаза-продолжување на слабеењето
Режимот на исхрана кој селдува е помалку рестриктивен,но и понатаму не дозволува да уживате во „забранентите“ продукти.Шеќерот и алкохолот се и понатаму забранети но затоа од време навреме да изедете парче или две црн леб,мала количина на продукти кои содржат јаглени хидрати,како и млечни производи. Целта на менито е да не се мешаат водата и зеленчукот,секој оброк да има еден протеински продукт,но и млечните производи да не се комбинираат со месо.Постои уште едно правило а тоа е да за време на оброкот да не се пие вода.Со ваквиот режим на исхрана ќе продолжите да слабеете но не толку брзо како во првите две недели.
Мени за првите две недели
Пред појадок;чаша топла вода со лимон
Појадок: кајгана од 2 јајца со спанаќ,зелена пиперка,кромид и магдонос и чаша незасладен сок од брусница.
Ужина: половина од поголем грејпфрут и 20 минути пред ручек чаша незасладен сок од брусница.
Ручек: 100 грама лосос зачинет со лимон и лук,варен морков,зелена салата зачинете со 1 лажица масло од ленено семе.
Ужина 2: 2 чаши незасладен сок од брусница
Ужина во 16 часот:1 јаболко и 20 минути пред вечера чаша незасладен сок од брусница
Вечера:100 грама печен телешки котлет со малку цимет,чорба од кељ,печени тиквички со каранфилче зачинети со една лажица ленено масло.
После две недели
Пред појадок :чаша топла вода со лимонов сок
Појадок: коктел од цеден зеленчук,кајгана од две јајца со 60 грама мисиркини гради.
Ужина 1: пола шолја исечкана круша,може и диња,праска,јаболко,пола шолја немрсно сирење и 20 минути пред ручек чаша незасладен сок од брусница
Ручек :чинија чорба од зеленчук без тестенини,пола шолја интегрален ориз,салата од целер и цревен кромид зачинет со една лажица масло од сусам,јаболков оцет и ѓумбир.
Ужина 2: 2 чаши незасладен сок од брусница
Ужина во 16 часот :1 јаболко,30 грама моцарела сирење и 20 минути пред вечера чаша незасладен сок од брусница.
Вечера:120 грама варена риба зачинета со лимон,ѓумбир и црн пипер,варен мороков,1 помал варен компир прелиен со пола лажиче ленено масло.