Високо внесување на калиум може да го намали ризикот од мозочен удар
Мозочниот удар е една од водечките причини за смрт во развиените земји, според САД, 60% од случаите се жени. Бидејќи пред тоа, познато е дека висок калиум може да се намали ризикот од мозочен удар, но до неодамна имаше малку информации за нејзиниот ефект кај постарите жени и појава на различни видови на мозочен удар.
Во новата студија во која се вклучени 90 137 жени во постменопауза , на возраст од 50-79 години,а кои биле следени во просек од 11 години. Во овој период им било следено внесувањето на калиум, но исто така биле забележувана и појавата на мозочен удар и смртността.
Просечниот внес на калиум се покажа како низок – само 17% од жените ја внесувале препорачаната количина на 3510 mg калиум на ден (според СЗО) или повеќе. Се покажало дека жените кои консумирале најмногу калиум (повеќе од 3194 mg на ден) имале 16% помала веројатност од појава на исхемичен мозочен удар и 12% помала веројатност за појава на општ мозочен удар, во споредба со жените кои го консумирале во најмали количини (помалку од 1926 mg). Исто така,високиот внес на калиум бил поврзан со намалување на ризикот од смртност.
Се покажало и дека високиот крвен притисок имал влијание врз резултатите. Кога се издвоиле само оние испитанички кои имале хипертензија, високиот внес на калиум бил поврзан со дури 27% помал ризик од исхемичен мозочен удар и 21% помал ризик од мозочен удар воопшто.
Високиот внес на калиум кај жените кои имале хипертензија не покажал заштитно дејство на појавата на мозочен удар, но, сепак, бил забележан мал ефект на намалување на ризикот од смртност.