Во новогодишната ноќ граѓани се тепале за преку ред земен капут, гориво и паркинг место

Објавено: 2 јануари, 2014, во 11:13 часот

Четири физички напади и една тепачка се случиле за време на новогодишното празнување во Велес и регионот што го покрива Секторот за внатрешни работи.

Тупаници размениле двајца велешани кои во новогодишната ноќ, во 3часот и 20 минути, барале место за паркирање на сопствениот автомобил. Вторите се степале на бензиска пумпа каде полнеле бензин а третата локација на која заиграле тупаници е ноќниот клуб Импакт поради земање на капут, преку ред.

Четвртиот физички напад се случил во Градско, вчера на 1 јануари, кога на полицијата познат сторител на кривични дела го пресретнал соседот на улица и во два наврати му удрил шлаканица.

Во Кавадарци пред кафеана се случила тепачката во која учествувале повеќемина граѓани. Исто како и лесната сообраќајна несреќа во која има причинето само материјална штета од 2 илјади денари./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.