Среќна Нова 2014 година! (видео)

Објавено: 31 декември, 2013, во 15:36 часот

Кога ќе одекне крајот на едно време во саат кулата и Велес, Градско, Лозово, Чашка, Свети Николе, Неготино, Росоман и Кавадарци ќе соберат здив за она што допрва доаѓа, остануваат спомените на годината зад нас, насмевките и солзите, успесите и падовите, надежите и копнежите.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=XsYB7zu667Q&feature=youtu.be500|500|{/youtube}

Мили мои граѓани, што својата животна приказна ја ткаете токму во овој простор и создавате генерации на животот, Ви посакувам година исполнета со повеќе насмевки, повеќе успеси, повеќе остварени желби. Спокојот нека ви биде пријател, добродетелта сестра, здравјето  крепост, а  градовите закрила во Новата 2014 година.

Бидете ми здрави, среќни и не заборавајте да дадете дел од своето срце на  Вашиот Велес, Градско, Лозово, Чашка, Свети Николе, Неготино, Росоман и Кавадарци. Ќе умеат да Ви вратат и да Ве сакаат и во новото лето.

 

Среќни новогодишни и божикни празници,

Ви посакува Дедо Мраз.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.