Среќна Нова 2014 година! (видео)
Објавено: 31 декември, 2013, во 15:36 часот
Кога ќе одекне крајот на едно време во саат кулата и Велес, Градско, Лозово, Чашка, Свети Николе, Неготино, Росоман и Кавадарци ќе соберат здив за она што допрва доаѓа, остануваат спомените на годината зад нас, насмевките и солзите, успесите и падовите, надежите и копнежите.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=XsYB7zu667Q&feature=youtu.be500|500|{/youtube}
Мили мои граѓани, што својата животна приказна ја ткаете токму во овој простор и создавате генерации на животот, Ви посакувам година исполнета со повеќе насмевки, повеќе успеси, повеќе остварени желби. Спокојот нека ви биде пријател, добродетелта сестра, здравјето крепост, а градовите закрила во Новата 2014 година.
Бидете ми здрави, среќни и не заборавајте да дадете дел од своето срце на Вашиот Велес, Градско, Лозово, Чашка, Свети Николе, Неготино, Росоман и Кавадарци. Ќе умеат да Ви вратат и да Ве сакаат и во новото лето.
Среќни новогодишни и божикни празници,
Ви посакува Дедо Мраз.


