Бездомно куче напаѓа други кучиња и граѓани во центарот на градот
Објавено: 12 декември, 2013, во 13:45 часот
Овчарско куче кое било подложено на хуман третман нападнало бездомни кучиња и двајца граѓани на улицата „ Владимир Назор“, позади хотел Интернационал во центарот на градот. Станува збор за два поодделни инциденти што се случиле во изминатите 24 часа.
Првиот во кој имало вистинска борба на кучиња и вториот кога се исплашиле граѓаните. Кучето напаѓач најверојатно е заловено надвор од градот, истретирано и пуштено во градска средина, се сомневаат од здружението за заштита на граѓани „Обезбеди живот“. Одтаму апелираат третираните кучиња да се враќаат на локациите од каде се ловат бидејќи непознатиот простор кај нив создава забуна и поттикнува агресивност.
– Се сомневаме дека е заловено кај индустриската зона „Речани“ бидејќи досега не сме го виделе во центарот на градот. Бараме ветеринарната станица да биде потранспарентна да се знае од каде се заловуваат и по хуманиот третман каде ги пушта кучињата, рече Робертино Васков.
Тој апелира да не се убиваат бездомните кучиња бидејќи лесно се ресоцијализираат и нема да преставуваат опасност за граѓаните ако се вратат во средината која ним им е позната.
– Дваесет кучиња се еутанизирани. Во програмата за заштита стои заловување. Стерилизирање и повторно пушатње на улица. Тоа е противзаконски, рече Васков.
Тој смета дека дала резултат програмата за заштита на бездомните кучиња во градот која се спроведува веќе две ипол години како заловени, стерилизирани и вакцинирани па не преставуваат опасност по граѓаните. Васков сега бара само поголема транспарентност од страна на Ветеринарната станица./Д.С


