И треба поправка на еден век старата училишна зграда во Башино село
Објавено: 17 август, 2013, во 12:05 часот

Реконструкција му треба на сто години старото училиште во велешко Башино село. Училиштето е пред уривање се жалат родителите на децата кои учат во објектот. Се плашат да ги пуштат децата на училиште бидејќи старата градата е во распаѓање, покривот е руиниран, влага има насекаде, а во ѕидовите зјаат дупки.
Во ова училиште владините комјутери, наместо пред учениците, поради слабата инсталација, стојат заклучени во една од училниците. Фасадата на предниот ѕид на училиштето неодамна е санирана, но велат тоа е само шминка, бидејќи од задната страна сликата е поинаква. Најголем проблем е тоа што училиштето нема тоалет во објектот.
– Јас бев во Советот на родители и прво што предложив беше да се направи но остана се на тоа па ќе видиме ако има пари. Децата сеуште немаат компјутери. Ова е село и како да не им требаат на децата компјутери, рече родител.
– Треба да се одржува и да се реновира. Најлесно е се да се остави и да се запусти, рече родител.

Оваа петолетка е подрачна на централното училиште Јордан Хаџи-Константинов Џинот во Велес. Од таму рекоа дека условите во селското се подобри дури и од оние во градскотот училиште. Градоначалникот рече дека до сега ниту еден родител од Башино село не се пожалил на условите.
– Ќе разговараме со директорот на училиштето. Ние сме должни да го сториме тоа и секако таму каде што треба да се интервенира секако дека ќе интервенираме, рече Чадиев.
До лани во училиштето во Башино село учеле 45 ученици, но најверојатно годинава бројката ќе се намали бидејќи на први септемри, во школските клупи ќе седнат само тројца прооделенци. Има родителите кои одлучиле своите деца на училиште да ги носат во Велес./Б.Н
.


