Нема повеќе дупки на патот Кавадарци-Мушов Гроб. Сега е безбедно да се патува по оваа делница
Работниците и механизацијата на„ Гранит“ ја финишираат реконструкцијата на патот Кавадарци-Мушов Гроб во должина од 16,3 км. и широчина од 6 метри. Оваа мошне значајна сообраќајница која ги поврзува селата од подкожувјето со градот беше во многу лоша состојба.
Имаше огромни дупки, на некои места и кратери, како што коментираа возачите. Сега овој пат е покриен со значително квалитетен слој на асвалт.
Во моментов се работи на поставување на рабници на патот. Граѓаните велат дека сега е многу полесно и побезбедно да се вози по овој патен правец, а и времето на патување е пократко, споредено претходно, кога патот беше полн со дупки, а тие тешко се одбегнуваа.
Вредноста на проектот е 2,6 милиони евра, а средствата се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој, како и дел од национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.