Нема повеќе дупки на патот Кавадарци-Мушов Гроб. Сега е безбедно да се патува по оваа делница

Објавено: 16 август, 2013, во 09:36 часот

Работниците и механизацијата на„ Гранит“ ја финишираат реконструкцијата на патот Кавадарци-Мушов Гроб во должина од 16,3 км. и широчина од 6 метри. Оваа мошне значајна сообраќајница која ги поврзува селата од подкожувјето со градот беше во многу лоша состојба.

Имаше огромни дупки, на некои места и кратери, како што коментираа возачите. Сега овој пат е покриен со значително квалитетен слој на асвалт.

 

Во моментов се  работи на поставување на рабници на патот. Граѓаните велат дека сега е многу полесно и побезбедно да се вози по овој патен правец, а и времето на патување е пократко, споредено претходно, кога патот беше полн со дупки, а тие тешко се одбегнуваа.

Вредноста на проектот е 2,6 милиони евра, а средствата се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој, како и дел од национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.