Тензично во Центар!
Тензична атмосфера пред општина Центар. Демонстрантите се обидоа да влезат насилно во просториите на Општината, но полицијата ги спречи.
Во дворот на Општината има 20-тина демонстранти кои извикуваат: „Жерновски – комунист! Жерновски – антихрист! Бараме оставка!“ Некои успеале да влезат и во просториите каде Советот на Општина Центар ги одржува седниците, јави Новатв.мк
Демонстрантите или како што се нарекуваат „Верниците во одбрана на Црквата“, не дозволуваат снимање и се закануваат кон новинарите, да не снимаат доколку не им дадат легитимации, јавува А1он.мк
Во општината има околу 20-тина полицајци кои досега спречија дел од демонстрантите преку прозор да влезат во бараката каде што се одвива седницата на општина Центар.
Дел од демонстрантите се во дворот пред општинската зграда.